Сутерен.мк

ФИФА ќе поведе истрага против Гранит Џака?

Швајцарија ја исфрли Србија од Светското првенство во фудбал во Катар со победа од 3:2 во третото коло од групата Г.
Швајцарскиот играч за врска Гранит Џака, чии родители се Албанци од Косово, на прославата на крајот од натпреварот носеше маица со натпис „Јашари“. Британски Експрес пишува дека поради ова ФИФА би можела да покрене истрага против капитенот на Швајцарија и играч од средниот ред на Арсенал.

„Не, нема политичка позадина. Тоа е моја посветеност на мојот соиграч Јашари. Тој дојде во тимот млад (20), јас бев во иста ситуација како него и тој заслужува почит. Поминуваме многу време заедно. Затоа во негова чест носев дрес со презимето Јашари „ објасни Џака. Споменатиот фудбалер е младиот играч за врска Ардон Јашари, кој е во швајцарската репрезентација на Светското првенство. И тој е Албанец, но од Македонија.

Јашари е легендарно презиме за косовските Албанци, а неславно за Србите. Кога ќе го споменат, никој од Албанците и Србите не помислува на младиот фудбалер на Луцерн, туку на Адем Јашари, основачот и водачот на Ослободителната војска на Косово, албанска паравоена организација која водеше герилска војна против Србите на Косово во 1990-тите. Во таа војна и двете страни извршија масовни злосторства, често и врз цивили.

Албанците ја сметаат ОВК за херојска и ослободителна, додека Србите ја сметаат за терористичка и криминална. Адем Јашари беше убиен во март 1998 година од страна на српските воени сили. Откако Косово прогласи независност, неговиот претседател постхумно му го додели на Јашари највисокиот државен орден, Херој на Косово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *