Сутерен.мк

Храна за среќа

После празниците сме потешки, но и подепресивни. Покрај долгите прошетки во природа (ако имате време), за поздрав организам, но и подобра ментална состојба препорачливо е и внесување на одреден тип храна. Еве неколку продукти што ќе го стимулираат лачењето на хормоните кои влијаат на нашето расположение…

Серотонинот е одговорен за сонотм стареењето, биоритамот, анксиозноста, стресот, чувството на болка. Важно е храната да ја содржи аминокиселината триптофан, од која мозокот создава серотонин. Оваа аминокиселина ја има во мисиркиното месо, млекото (кравјо и козјо), младото сирење, кикирики, млекото од соја, сончогледот, грашок, грав, банани, риба, јајца.

Мелатонинот го создава ноќе епифизата од сератонинот. Тој ни помага да заспиеме, го балансира биоритамот, намалува стресот. Кога помалку спиеме, произведуваме и помалку мелатонин. Неговото создавање го потикнуваат овесот, оризот, ѓумбирот и бананите.

Допаминот го одржува нашиот мозок буден и активен. Учествува во размислувањето, мотивацијата, концентрацијата, емоциите, чувството на задоволство. За нашиот мозок да произведе допамин, потребна му е аминокиселината тирозин, што ја добива од протеинската храна како млечните производи, пивото, виното, гравот, рибата, џигерот, шунката, сланината, чоколадото, модриот патлиџан, спанаќот и доматот.

Норадреналинот се произведува од допаминот и е осто многу важен за добрата активност на мозокот. Јадете што повеќе сирење, кисела зелка, компир, модар патлиџан, спанаќ и пијте умерено, вино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *