Сутерен.мк

Чанта од 99 отсто воздух и 1 отсто стакло

Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии, а тежи само 33 грама. Во неа можете да носите само мобилен телефон.
На Модната недела во Париз за првпат беше претставена чанта која е изработена од 99 отсто воздух и еден отсто стакло.

Станува збор за иновативен модел изработен од брендот Коперни, кој минатата година се претстави со вистинско шоу на модната писта кога на Бела Хадид ѝ направи фустан од боја.

Новата „Вселенска чанта“ на брендот за брзо време стана вистински хит на социјалните мрежи и речиси насекаде се споделува видеото од моментот кога ја вадат од куферот со кој била пренесена на ревијата.
Инаку, за изработката на чантата брендот соработувал со НАСА и бил користен наноматеријалот којшто воедно е најлесниот материјал во цврста состојба на Земјата и се користи за ловење на ѕвездена прашина.

Чантата тежи само 33 грама, а кога ќе ја ставите на маса звучи како да оставате кристално стакло на површината.
Од брендот тврдат дека иако чантата делува мошне нежно, таа е издржлива, односно може да издржи температура од 1.200 степени Целзиусови и притисок што е посилен 4.000 пати од нејзината тежина.

На прашањето дали нешто може да се носи во чантата, претставници на брендот одговорија дека може да ставите еден Ајфон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *