Сутерен.мк

Чудесниот млад кромид!

Традиционалната медицина младиот кромид го смета за многу здрав зеленчук. Помага при настинки, снижување на високиот крвен притисок, делува против габички, стрес и умор. А неговиот зелен дел („перцата“) особено помага во следниве ситуации:

Воспаление на грло

Зелените делови исечкајте ги на парчиња, додадете малку изрендан ѓумбир и сол и се заедно ставете во крпа и затоплете ја содржината. Потоа замотајте ја во уште една крпа и ставете ја на воспаленото подрачје.

Отечени нозе

Страк од зелениот дел на младиот кромид варете го неколку минути. Потоа изблендирајте го (со многу малку вода), додека смесата не се претвори во паста. Со таа паста намачкајте ги отечените нозе.

Затнат нос

Изгмечете малку од зелениот дел на младиот кромид и со неговиот сок натопете парче вата. Потоа ставете го памукот на носот и во подрачјето на синусите. Кромидот ќе ја активира слузницата и ќе ги одзатне дишните канали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *