Модната куќа Шанел ја започна новата кампања чие заштитно лице е Шарлота Казираги, ќерката на принцезата Каролина од Монако (и од Хановер, според титулата на третиот сопруг) и познатиот италијански бизнисмен и спортист, Стефано Казираги, кој загина во 1990 година при трка со моторни чамци.
Бидејќи мајка и е амбасадорка на Шанел и беше долгогодишна пријателка со Карл Лагерфелд, оваа соработка има и емотивна врска, затоа што Шарлота навистина верно претставува се она што Шанел е.
За кампањата е ангажирана познатата фотографска двојка Inez & Vinoodh, кои како локација логично, го одбраа Монако. Фотографиите зрачат со децентен гламур и делуваат како некој филм што ја следи младата хероина на разни локации од утро до вечер, а на некои Шарлота речиси изгледа идентично како мајка и.