Сутерен.мк

Шест правила за среќа

Светски познатиот руски психолог Михаил Лебковски оддамна има понудено шест правила т.е. метод за да се одржи и создаде здрава психа.

  1. Прави го само она што го сакаш.
  2. Не прави ништо што не сакаш.
  3. Веднаш разговарај за она што не го сакаш.
  4. Не одговарај на прашања, ако не си прашан.
  5. Одговори само на прашањето. Не образложувај.
  6. Кога се расправате или карате, зборувајте само за себе и своите чувства.

На невротичните личности овие правила им изгледаат нереално и бесмислено. А некој сосема природно живее според нив. Мирните, независни луѓе со висок степен на самопочит, со стабилна психа и големо чувство на љубов кон себе си, ги почитуваат овие правила.

Невротичарите се создаваат во детството. На пример: родители велат дека детето им е уплашено и повлечено во себе. Меѓутоа, родителите дома постојано се расправаат на висок тон па детето живее во страв и станува депресивно. Што со тек на време доведува до сериозни проблеми.

Се започнува во семејството.

Доколку и самите сте пораснале во такво семејство кое од вас создало невротичар, морате да го прекинете кругот! Срушете ги стереотипите, не размислувајте за своето детство и штетата што родителите ви ја нанеле. Свесно или не, сеедно.

Свртете се кон своите желби и потреби. Слушајте се себе и што вие сакате.

Овие шест правила, вели Лебковски, ќе му помогнат на секој кој сака да реши некој проблем, почнувајќи од најбаналните како „дали прво да појадувам или испијам кафе?“, па се до големите одлуки кои го менуваат животот.

Само запрашајте се „што јас сакам?“, и никогаш не правете го она што не сакате. Секогаш цврсто застанете зад своите ставови сеедно кому тие му се допаѓаат или не! Затоа што тоа се ваши ставови! Затоа што тоа е само ваш живот!

И, да. Бара малку повеќе мозгање од основното „немам за леб, за себе ли ќе размислувам!“ Можеби ќе се случат „чуда“ кога човек ќе почне повеќе да се сака себе си. Не на штета на другиот, секако.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *