Сутерен.мк

Што еден маж го прави зрел?

Зрелоста не зависи од возраста. Повеќето луѓе порано или подоцна, созреваат. Но, што е она што еден маж го прави возрасна личност…

Зрелиот маж не бега од своите проблеми

Тој е свесен дека бегањето од проблемите, игнорирањето на обврските и затворањето во себе, ништо не се решава. Зрелиот маж знае дека единствениот начин да се надминат проблемите е директното соочување со нив. Со таков човек, секогаш морате да зборувате искрено.

Не ги дави жените

Сериозен човек не дава негативни коментари на изгледот на жените, килажата, ставовите и надежите. Зрел маж секогаш и дава поддршка на својата избраничка и се труди се што е во негова моќ нејзините желби да и се исполнат.

Вистински маж не се плаши од своите емоции

Затоа што се сигурни во нив, никој не им ги наметнал. Тој е свесен дека покажувањето на емоции не е знак на слабост, туку знак на човечност и отвореност. Ниту пак, се плаши понекогаш да заплаче и ги открие своите чувства.

Почит кон другите

Машко кое станало маж е личност која се однесува со иста почит и кон оние што ги познава и кон непознати. Зрелиот маж не им се потсмева на другите. Исто така ја почитува приватноста и правото на избор на другиот.

Има здрав однос со родителите

Мажот во вистинска смисла на зборот, нема горчина затоа што неговите родители не направиле или направиле нешто и секогаш се труди да им покаже благодарност за тоа што биле покрај него. Истовремено, тој не им дозволува да носат одлуки наместо него, ги прифаќа нивните совети, но сам решава.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *