Сутерен.мк

Што сакаат мажите?

Вака накусо, можете ли да ми кажете што сакаат мажите кај жените?

Јас

 

Јас дарлинг, да имав одговор на ова прашање сега ќе бев во „изолација“ со Хју Џекмен! Ама ај, да пробам да ви учинам…

Мажите се луди по жени кои изгледаат како да немаат поим за животот, велат научниците.

Докажано е и дека мажите се однесуваат глупаво и збунето во текот на разговорот со привлечна жена. Не само тоа, стручњаците откриле и дека мажите после ваков разговор остануваат заглупавени по неколку часа!
Таканаречениот посилен пол ( а многу често и понежниот), дефинитивно е заслепен по карактеристични црти на лицето – истакнати усни, бадемасти и топли очи, убави раце… Причината за тоа и понатаму останува непозната. Она пак, што е познато е дека многу е полесно да се „фати“ маж во текот на студените месеци – жените тогаш се облекуваат повеќе па и најмалиот поглед на „голо месо“ им ја разгорува фантазијата.

Всушност, сето ова можете да го фрлите во првиот контејнер зашто, што би рекол Били Кристал, на жените можеби им треба причина, но на мажите им треба само место. Ете, тоа сакаат! Место дарлинг, само место…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *