Сутерен.мк

ЈАР мора да го уапси Путин, ако дојде на самитот

Јужноафриканската Република е законски обврзана да го изврши налогот за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска го издаде Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг. Земјата, според она што до сега се знае, ќе биде единствената што годинава ќе ја посети рускиот лидер, а која го ратификувала Римскиот статут на МКС, што повлекува обврска да постапи по налогот од Хаг.

Но можноста претседателот Кирил Рамафоса, да им нареди на своите сили да го уапсат Путин е многу мала.

Веднаш откако МКС издаде налог за апсење на Путин, експерти и аналитичари почнаа да пребаруваат низ списокот на потенцијални ангажмани на Путин во земјите каде што налогот може да се спроведе. Иако патувањата во странство на рускиот претседател се драстично ограничени по руската инвазија на Украина, тој наводно треба да присуствува на самитот на БРИКС во Дурбан, Јужна Африка, кој ќе се одржи во август.

Засега е сепак, неизвесно дали Путин воопшто ќе оди на самитот, со оглед на тоа што таквиот потег би предизвикал големи дипломатски тешкотии за Јужна Африка (ЈАР), земја која е долгогодишен сојузник на Москва.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *