Пред четири години, во 2017, мојот тогашен сопруг не’ остави мене и нашиот малолетен син кој имаше 13 години без вода 8 месеци. Водоводната цевка во кујна едноставно се заглави…
Тогашниот сопруг и јас бевме заедно од 1995-та. Не знам што беше причината, но одеднаш после 25 години заеднички живот рече дека не е негов проблем и едноставно замина во странство. Една недела подоцна од странство ми напиша и-мејл порака дека го напушта нашето семејство од 25 години: мене и нашиот малолетен син.
Никогаш потоа не ја објасни својата постапка, ниту објасни зошто не’ напуштил со обична е-порака. До денес не ја објасни својата постапка. Таа недела кога не’ напушти, отидов на итна операција заради потенцијален рак, докторите ми рекоа операцијата е итна, првиот ден беше прегледот, а следниот ден операцијата.
Отидов сама на операција, со такси, ме оперираа со целосна анестезија, ме разбудија, останав четири часа заради болничкиот протокол, кога ме отпуштија од болница со такси се вратив сама дома. Пред вратата на болницата, додека чекав такси, пишав вибер порака на тогашниот сопруг во странство бидејќи не ми крена телефон. Напишав дека операцијата заврши и дека ме отпуштиле.
На мојата порака одговори без ниеден збор, само на вибер ми пушти линк до сајтот: cancerresearch.uk. Денес немам вибер, го избришав.
Истата недела, мајка ми за која финансиски и физички се грижев над 20 години, ми рече дека штом ме напуштил сопругот, тоа сум го заслужила и додаде дека јас и мојот малолетен син мора да се отселиме од станот во кој живеевме, тоа беше станот на баба ми. Син ми и јас останавме без сите најблиски во една единствена недела. До денес без објаснување.
Во тој период во зградата живееше комшија (се’ уште живее) кој ги злоставува сите станари, а мене ми рече дека ќе ме силува прва прилика кога ќе може. Мојот тогашниот сопруг, истиот кој не’ остави со и-мејл после 25 години заеднички живот, рече дека соседот не е негов проблем…
Четири години и 10-тици психијатри и психолози подоцна, сфатив дека не сум виновна за поведението на најблиските. Јас и син ми се’ уште се обидуваме да ги најдеме најдобрите решенија за да бидеме функционални. Не бидете наивни, не ги игнорирајте симптомите, но не им верувајте ниту на тие што наводно ви мислат добро.
Со години мојот тогашен сопруг се радуваше на сите мои успеси кога можеше да ги презентира пред своите претпоставени, и кога можеше да ги презентира како свои успеси. Првата прилика кога имав потреба од помош, не’ напушти со е-порака.
Четири години подоцна едвај добив развод, лани во декември. Морав да му се заканам за да ми даде развод, не се појави во судот, се појавивме јас, мојата адвокатка и неговиот адвокат. Се’ помина пријателски, сакавме дури да одиме на кафе, но јас немав сили, а адвокатите немаа време.
Судијката ми рече, ве гледам тажна, но не се грижете, вие сега сте добро, а животот продолжува и ќе ви донесе убави работи. И’ благодарам на судијката, на адвокатите и на докторите. Не се сите луѓе секогаш добронаклони, дури ни најблиските.
Чувате го менталното здравје.
(Авторката е македонска писателка, теоретичарка и филозоф. Работи како редовна професорка по книжевност, родови студии и теориска психоанализа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има објавено 11 книги и преку 200 студии, преведени на 12 јазици.)
*Ставовите изнесени во колумните се лични мислења на авторите и не го претставуваат нужно ставот на сајтот suteren.mk.
Кога веќе јавно госпоѓава овде го истакнува нејзиниот сопруг и татко како виновен и одговорен за нејзиниот неуспешен брак и со еднострана приказна како тој, како тие, па како нејзините и ткн, одкако го прочитав веднаш ме фати инспиративно некако кога ете и јас имам некои животни искуства од овој ред и веднаш си дозволувам да кажам нешто од искуство од неуспешен брак, и против еднострани приказни,прво; ти госпоѓо треба да знаеш и секој доколку до знаење, за вакви работи, не е баш за јавноста да се дискутира но ете не е ни вина што споделуваш, туку подвик за јавна дебата помеѓу нас читателите, второ; секој неуспешен брак има и своја приказна, а и своја вистина, а приказната не е една туку две се, трето ; вистината е само една, и сигурен сум дека и ти и слпругот ја знаете и е само една, неможат да бидат две вистини или три, и меѓудругото залудно е некој да прифајќа едностранична приказна, или да се прифати затоа што првиот што рекол да е така, е не е, и ти го знаиш тоа многу поубаво од сите нас, го прашал ли некој сопругот што него го натерало да те напушти, го прашал ли некој сопругот дали се осејќал како маж, или како рогљо затоа што некој му ѓи ставал роговите, а друг мислејќи дека тоа е само една продна пријателска игра и така заминува,четврто дали тој го имал својот комфорт од тебе, си се запрашала што ти вложи за тој да се осејќа како заслужен животен другар, па после како одговорен сопруг, кој маш баш така си го оставува малолетното дете и ајт странство ти снајдувај се, ти со таков ли маж влезе во брак, тоа неможеше да го видиш и процениш во неговиот карактер или насилно те омажија некој од твоите те стави во принуден брак, или многу грмушки има овде па станува неопходно за разумност и мудрување, што вложи ти во бракот за тој да те напушти така, а што вложи тој, мое последно мислење ако само можеш длабоко да си се помислиш, како почна на почетокот зошто му се довери, (дали го прифати мажот си свој осфен како брачен партнер, како најверен и најблизок другар), ако не, не троши си го времето,(само моја мисла) а ако да, тој ќе сака да се врати, сите друѓи работи се материјални и краткотрајни и одпаѓаат на подолг план, а секако и ако тој го имал тоа кон тебе, има шанси да си се повратите и разгорете огнот помеѓу вашите очи, опростете ми ако некој навредив или се осејќа како осудувачки мојот говор не судам никому но искрено и вистинито ви ѓи кажувам работите како што се од мој агол на поглед, срдечни поздрави до сите бог да е со сите нас оред се. (сашо од кејп таун. )
Се изнакажа, а ништо не кажа.
Ја оставил затоа што имал друга жена и друго дете.