Сутерен.мк

Џордан донираше десет милиони долари

Најголемиот НБА кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан пред својот 60-ти роденден донираше 10 милиони долари на хуманитарната организација „Make a wish“ (Замисли желба), која работи со тешко болни деца. Ова е најголема донација во 43-годишната историја на организацијата.

„Последните 34 години ми беше чест да бидам партнер на “Make a wish” и да помогнам на лицето на овие деца да се врати насмевката. Нивната сила и храброст во тешките периоди се инспирација за сите“, изјави шесткратниот НБА шампион, кој во петок ќе го прослави 60-тиот роденден.

Џордан првпат соработуваше со организацијата во 1989 година, пред во 2008 година да го прогласат за амбасадор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *