Фотографијата на која францускиот претседател Емануел Макрон ентузијастично го прегрнува украинскиот претседател Володимир Зеленски стана хит на интернет.
Фотографот на „АФП“, Лудовик Марин, кој ја направил фотографијата во Киев минатата недела, рекол дека Макрон одеднаш започнал да му зборува на уво на Зеленски, откако ја одржале заедничката конференција за новинари со останатите челници на Европската Унија.
„Зошто Зеленски нè гледа? Не знам“, ја прокоментирал Марин фотографијата.
Наизглед непријатниот момент брзо стана предмет на шега на социјалните мрежи.
„Твојот израз на лицето кога ќе ти каже: Тоа што разговарам со него не значи ништо, отсекогаш сум те сакал тебе“, се пошегувала украинската новинарка Тања Козирева.
„Сега разбирам зошто Путин има толку долга маса“, напишал трет корисник на Твитер, алудирајќи на фотографијата од Путин и Макрон кои седат на спротивни краеви на масата во текот на состанокот во февруари во Москва.
„Пронајдете некој кој ќе ве гледа како што Макрон го гледа Зеленски“, напишал друг корисник на Твитер.