Сутерен.мк

За разликата помеѓу нешто и ништо

Фејсбук с(р)еќавања…

Кога ќе се појави политичар кому ќе му веруваме, не само кога е на бина туку, и кога ќе зборува од лулашка, е тогаш, ќе биде од нас пристојна држава.

****

Која е разликата помеѓу нешто и ништо? Нештото постои, а ништото не, нели?! Дали е тогаш подобро да бидеш или да не бидеш односно, да имаш или да немаш?!
Подобро е да имаш отколку да немаш. Освен, кога имаш па немаш, тогаш е подобро да немаш па, да немаш.

****
Сепак, колку и да е подобро да имаш среќа или ум, можеби е подобро да немаш грижа или забоболка. Дали е подобро да имаш или немаш обврски, одговорност, страв…?
Формално, имањето делува подобро од немањето, но во суштина е важно што имаш, односно немаш, а не дали нешто имаш или немаш.

****
А што е со она – да се биде или не?! Да го немаше прашањево половина од светската филозофија и книжевност немаше ни да се создаде.

****
Дали сте подготвени да велите сакам и кога не сте баш сигурни што добивате? Тоа е постоењето. Стално се добива нешто од нешто, но ги има и оние кои се на линијата на сигурноста, па добиваат – ништо од ништо. А ништо и ништо, на крајот е едно големо – ништо.

****

Не испочитувавме ничија смрт, солза, заложба, а се удираме в гради како го славиме животот, иднината, широчината?!
Една огромна лепешка треба да не поклопи. Тогаш ќе ни се случи конечно, еден реален update статус.

****

Македонија – државата, која си ги изеде сопствените граѓани.

****

Тие што спијат добро ноќе, тие не се ич, за верување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *