Сутерен.мк

Како отсечното „НЕ“ во Брисел, стана „ДА“ во Скопје?

Чист јазик именуван како – македонски, без посебно поглавје во преговорите за добрососедските односи кои ги бараше Бугарија, без нови патокази или бенчмаркови на поглавјата, акциски план за почитување на правата на малцинствата кој не се разликува од одребите кои се содржани во копенхашките критериуми на ЕУ. Вака шефот на дипломатијата, Бујар Османи, ги сублимираше преговорите кои се воделе изминативе месеци за преговарачката рамка за Македонија со ЕУ да биде прифатлива за земјава.

Османи на брифингот со новинарите, во рамки на косултациите на владата за модификуваниот предлог на Франција, на кој беа и премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, ги објасни измените на деловите од преговарачката рамка кои по само една недела од неприфатливи го направија францускиот предлог основа за широки консултации за него во земјава.

Првата е што францускиот предлог го именува јазикот како – македонски, без било какво дообјаснување во документот, но рече дека на тоа ќе има унилатерлани изјави и од Скопје и од Софија за нивниот став за македонскиот јазик, кои немаат формално-правна тежина за документот и не се негов интегрален дел.

Втора измена е исфрлање на протоколот кој произлегува од обврските Договорот за добрососедство во Бугарија од Преговарачката рамка. Османи за ова брифираше дека компромисот кој го направило француското претседателство е што го исфрлила протоколот, а позајмила реченица од Договорот за добрососедство за спроведување на договорот. Па така во точка 5 од преговорачката рамка се наведува дека земјава треба да спроведува добрососедски односи, вклучително спроведување на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, како и годишните извештаи и мерки за постигнување на неговата имплементација согласно членот 12 до Договорот.

За стартот на преговорите кои Софија ги услови со уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот, Османи појасни дека ќе има две меѓувладини конференции за старт на преговорите. Меѓувладина веднаш на која ќе се усвои преговарачката рамката и ќе почне скринингот, а првиот кластер, со кој всушност ќе почнат суштинските преговори на змејава со ЕУ, ќе биде на втората меѓувладина конференција, која ќе се одржи откако ќе завршат уставните измени во Македнија.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *