Сутерен.мк

Голем успех на македонските математичари

Сојузот на математичари на Македонија објави дека на 63-тата Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2022) во Осло, Норвешка, македонската репрезентација постигна одличен резултат.

На овој најпрестижен математички натпревар во светски рамки нашата екипа годинава освои два сребрени медали, два бронзени медали и две пофалници.

НИКОЛА СПИРОВСКИ (сребрен медал; со освоени 29 поени)
ДАМЈАН ДАВКОВ (сребрен медал; со освоени 29 поени)
БЛАЖЕ СУКЛЕВСКИ (бронзен медал; со освоени 27 поени)
ЈАН СТОЈАНОВСКИ (бронзен медал; со освоени 24 поени)
АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (пофалница; со освоени 21 поен)
ЈАСНА ИЛИЕВА (пофалница; со освоени 18 поени)

Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски.

Интернационалната математичка олимпијада е натпревар за средношколци, но нема возрасно ограничување во однос на долната граница, па може да се натпреваруваат и ученици помлади од 15 години. Секоја земја учесничка може да испрати најмногу шестмина натпреварувачи. За прв пат, Интернационална математичка олимпијада се одржала во 1959 година во Романија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *