Сутерен.мк

6 занимливости за гладијаторите

Римските гладијатори своевремено имале голема почит од јавноста. Луѓето доаѓале во арените ширум царството за да ги гледаат овие обучени и наоружани воини во крвавите спектакли. Борбите во овие сурови театари, а и неговите главни актери, честопати влегувале во легендите, станувајќи така бесмртни…

Жените гладијаторки главно биле робинки, но се случувало да се пријават и доброволно. Иако биле ретка појава, тие навистина постоеле и за тоа има пишани и археолошки докази. Биле облечени како Амазонки, со разголени гради и најчесто не носеле шлемови.

Не биле сите гладијатори робови т.е. тешки криминалци. Возбудливоста на борбата, можната слава и паричните награди станале привлечни и за слободните мажи. Најчесто доброволци биуле поранешните војници, но имало и припадници на повисоките сталежи.

Првобитно, гладијаторските игри биле дел од погребните церемонии. Кога некој истакнат аристократ ќе умрел, семејствата ангажирале робови и осуденици кои меѓусебно се бореле до смрт за време на погребот. Така се славеле доблестите на покојникот. Подоцна, овие борби се селат во арените, каде што стотици илјади луѓе се испратени во смрт, борејќи се меѓусебно или од напади на диви животни.

Борбата не била секогаш до смрт. Едно од строгите правила било и при бирањето на двајца воини да се внимава тие да бидат со слични конституции и искуства. Судија контролирал правилата на борбата да се почитуваат и често ја прекинувал истата, ако некој од учесниците бил тешко ранет.

Понекогаш таа завршувала и во пат – позиција доколку на публиката и станела здодевна или многу поретко, кога учесниците чесно си заминувале од арената со воодушевување на публиката заради возбудливата претстава.

Бидејќи тренерите вложувале прилично во гладијаторите, не биле баш среќни кога тие умирале во римските амфитеатри. Затоа ги обучувале како да го ранат противникот, а не да го убијат. Сепак, животот на гладијаторите бил брутален и кус.

Постоеле повеќе видови на гладијатори. На почетокот од нив се очекувало да се борат во „носијата“ на народот на кој му припаѓале, а подоцна добивале посебни обележја. Гладијаторските игри еволуирале од борби на смрт до организиран спорт којм имал свои правила.

Борците се класифицирани врз основа на искуството и се специјализирале за одреден стил на борба и оружје. Па така, некои двобои се воделе со мач и штит, некои и на коњи, некои со два мача, имало борби и во двоколки, но и борби во кои се користеле само мрежа и штитник на левото рамо.

Неколку римски императори настапиле во арените, сакајќи да ги покажат своите воени вештини и да ги освојат симпатиите на народот. Сепак, тоа се одвивало со тапи ножеви, слабо наоружани и неискусни борци. Најмногу во вакви лакрдии уживал Калигула.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *