Сутерен.мк

8 битни работи за Рембрант

  • Големиот уметник живеел во т.н. „златно доба на Холандија“ и бил водечки сликар на барокната епоха (15 јули 1606 – 4 октомври 1669 година).
  • Бил одличен портретист, а таа своја умешност, освен во класичните портрети, одлично ја применувал и во историските и библиските теми.

  • Често сликал автопортрети, што било своевиден експеримент, бидејќи сам себеси се сликал во различни фази од животот односно, следел како старее.
  • Покрај сликарството, Рембрант бил многу добар и како графичар. Умеел во бакрорезите да направи особено сложени детали на мал простор, што му донело меѓународна слава.

  • Рембрант бил мајстор на светлото и прикажувањето на односот светло – темно. Таа игра на светлината допринесувала за драматичноста на сцената, а на ликовите им давала карактер.
  • Овој уметник ги прекршил правилата што дотогаш важеле за сликање на историски, алегориски и библиски композиции. Неговите ликови не биле формални, туку изгледале природно и спонтано.

  • И покрај финансискиот успех, Рембрант умрел во сиромаштија. Брзо ги потрошил заработените пари и после 1640 – тата веќе не можел да ја плаќа хипотеката за куќата. Ги продал вредните предмети од домот, сликите од својата колекција, печатницата… Се преселил со семејството во помал дом и никогаш не се опоравил финансиски.
  • Кога еден критичар од 19 – век рекол за едно дело на Огист Роден дека е во ист дух со оние на Рембрант, Роден одговорил: „Ме споредувате со рембрант? Какво светогрдие! Со Рембрант, колосот на уметноста! Би требало да клечиме пред Рембрант и никогаш никого да не го споредуваме со него!“

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *