Сутерен.мк

80 години од почетокот на НОБ!

На 11 октомври 1941 година, Првиот прилепски партизански одред го нападнал полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден се огласиле и партизаните од Кумановскиот одред.

Од првите партизански одреди кои ја почнале борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во 110-илјадна армија. Идеалите за основање македонска држава се оживотворени со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.

Одбележувањето на 11 Октомври почна вчера со манифестација во организација на Владата и Општина Прилеп на плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Во своето обраќање премиерот Зоран Заев рече дека празниците се моменти кога секоја генерација што ги слави треба да се запраша дали со секоја измината година прави подобра држава, поубаво место за живеење.

Делегации на државниот врв, општествено-политичките организации, Армијата, борците, дипломатскиот кор во Прилеп ќе положат цвеќе пред спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу и на спомен обележјата во Алејата на народните херои, пред споменикот „Жена борец“ и на Могилата на непобедените. На Могилата на непобедените е предвидена свечена празнична програма и обраќања на претседателот на државата, Стево Пендаровски, на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и на претседателот на Општинскиот одбор на борците од Прилеп, Круме Соколоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *