Татко на средношколка од Скопје сведочи дека неговата малолетна ќерка викендов доживеала шок од активности кои се случувале на извиднички камп организиран во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“!
Според девојчето, кое се обратило до училишниот психолог со писмена изјава, активностите биле несоодветни, вклучувале соблекување на облеката и прашање колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир.
На скандалозниот извиднички камп организиран од Прв скопски извиднички одред, имало и други непримерни активности во кои малолетници меѓу другото ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции до манастир под превезот на сексуална едукација.
Дежурен јавен обвинител издал насоки до Министерството за внатрешни работи за дејствија кои треба да се преземат со цел да се утврди фактичката состојба.
Родителите на вознемирените малолетници, кажуваат дека на кампот викендов активностите вклучувале соблекување на облеката и прашување колку сексуални партнери имале децата. Целиот настан бил спакуван како натпревар, па така сите активности носеле соодветни бодови, при што повеќе се вреднувале и бодувале активностите каде децата соблекувале поголем дел од облеката.
Кога едно девојче што не сакало да учествува, плачело и се тресело, дел од организаторите таму според кажувањата на учесниците, со викање и повишен тон и кажале да се спакува и да си оди со прашањето која мисли дека е?
-Во два часот ноќе да си оди, во планина со диви мечки?! Тоа е нехумано. На почетокот син ми мислел дека е шега кога зборувале ,,сега ќе ставате чорапи на пенисите” меѓутоа подоцна сфатил дека работата преминала во најголема екстремност. Син ми одбил да глуми секс пози со стенкање во манастир, па револтирано го испратиле да оди во шума. Згора на тоа биле обоени со црна боја на лицето, цело село ги гледало кога поминувале. Дел од присутните возрасни на кампот ги коментирале градите на девојчињата. Син ми не сака да слушне веќе да оди таму после овој викенд! – раскажува мајка на шеснаесетгодишен средношколец.
Извор: Слободен печат