Фејсбук с(р)еќавања…
- Секоја промена поминува низ фази:
* Ентузијазам.
* Компликации.
* Разочарување.
* Барање виновници.
* Казнување на невините.
* Наградување на оние кои не направиле, ама баш Ништо!
- Сакав нешто да напишам за емпатијата, ама искуствата во последно време ме убедија дека имаш луѓе за една и за Ич, употреба.
- За некој да има право да урла, предупредувајќи на било какво зло што ја загрозува заедничката егзистенција, од било кој агол, неопходен му е личен, тотален неконформизам и пожртвуваност што пак, директно води во сиромаштија и движење на рабовите на општеството! Зашто, средиштето на ова наше т.н. живеење е целосно корумпирано од овенчаните со ловорики, подземни сили.
- Многу е тажно сознанието дека толку очајно ни била потребна сила, на која ќе може да се почне да се смета, на која ќе сакаме да се потпреме, без разлика на исходот.
- Членување во партија, припаѓање на религија, како и вљубувањето, не е ништо друго, туку давање моќ некому да те уништи, а притоа да веруваш дека нему никогаш такво нешто нема да му падне на памет.
- Новото МКД лого на очајот: Немаме ние толку памет, колку што тие имаат кондиција!