Сутерен.мк

Неизоставните модели на чанти

Хобо/Скитница

Отсуството на крутата рамка овозможува удобност на носењето на овој модел преку рамото. Ги има во различни величини и материјали. Оваа сестрана торба совршена е за со лежерна облека, но и класични костими, како и со фустани со цветен дезен, кожни јакни и груби чизми.

Крос-боди/Преку раменици

Оваа чанта е со средна величина, со крут правоаголен, полукружен или квадратен облик, со долг ремен или синџир. Дијагоналата што ја создава појасот ја издолжува фигурата. Одговара и за дневно – лежерно и со вечерно ваше „издание“.

Тоут

Основната верзија е голема, правоаголна, со две рачки, без прегради и без затворач. Сепак, ја има во разни варијанти, со додадени делови, патент за затворање илимагнет, џебови… Одговара за деловен, класичен и лежерен стил.

Багет

Обично се носи под мишка и најдобро прилега со облека од џинс. Генерално, одлично се вклопува во стилот на урбана жена, која води активен живот: вработени дами, кои ги сакаат социјалните настани.

Класична

Овој модел има цврст правоаголен облик, долг ремен и куса рачка за носење по желба. Иако потсетува на актовка, чантата може да се носи во сите комбинации на облека.

Совети

  • Ситните девојки не би требало да носат преголеми торби, ниту пак, заоблени микро чанти.
  • Крутите торби одговараат на проѕирни ткаенини, плетени парчиња, а меките на строгите форми – јакна со нагласени раменици, тесни фармерки…
  • За секојдневни комбинации одберете торби од поиздржливи материјали, а навечер, блеснете со сатенска чанта.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *