Се почесто и се повеќе луѓе се нервираат и кога треба и кога не треба, и заради мали и големи работи и се чини дека стресот станал дел од секојдневниот живот на мнозинството возрасни луѓе. Ова се знаците дека сте под постојан стрес…
- Уморни сте иако, доволно спиете.
- Често имате кошмари.
- Имате намален либидо.
- Повремено добивате температура, малку повеќе од 37 степени.
- Се потешко ви е да работите под притисок и да се соочувате со други стресни ситуации.
- Имате проблеми со варењето на храната.
- Значајно ви е ослабена концентрацијата.
- Претерувате со некои навики – пушење, пиење, јадење…
- Имате проблеми со меморијата.
- Честопати срцето забрзано ви работи.
- Немате редовен менструален циклус, а симптомите на предменструалниот синдром ви се поизразени.
- Не можете да функционирате без кафе или енергетски пијалоци.
- Се почесто имате главоболки, а особено кога ќе ви се натрупаат обврски.
- Нагло ви е зголемен или намален апетитот.
- Се помалку имате трпение за луѓето околу себе.