Сутерен.мк

Шест земји мамеле на Евровизија

Шест земји биле дискфалификувани кога станува збор за гласањето на стручното жири, а како што велат од Европската радиодифузна унија, тие сами им ги пресметале бодовите врз основа на резултатите од другите земји со слични гласови.

ЕБУ ги анализирала гласовите на жирито по втората генерална проба на втората полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија 2022 година и утврдила неправилности во гласањето на шест земји.
Со цел да се усогласат со „Упатството за гласање“, ЕБУ соработувала со партнер за гласање со цел да пресмета заменски резултат за секоја земја околу која имале сомнежи и за второто полуфинале и за големото финале.
Земјите кои беа исклучени од гласањето се Азербејџан, Грузија, Црна Гора, Полска, Романија и Сан Марино.

Украина победи на 66-от избор за песна на Евровизија, со вкупно 631 поен. На второто место е Велика Британија, а на третото Шпанија. Српската Констракта го зазеде петтото место.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *