Сутерен.мк

Кога треба да се одбие вработувањето?

После секој разговор за вработување, најчесто се критикуваме себеси и размислуваме дали сме доволно добри за таа работа и дали ќе се покажеме во најдобро светло.

Меѓутоа, треба да се има на ум дека и другата страна е на проценка. Иако времињата се такви што е пожелно да се прифатат сите шанси и се очекува поединецот да му се потчини на системот, мораме да се земеме и себеси во предвид и да не се согласуваме со се што ни се сервира.

Заради тоа, многу е важно да се обрати внимание на деталите, што ви кажуваат дека нешто не е во ред и дека најверојатно не би требало да ја прифатиме понудата за вработување во одредена компанија.

Доколку личноста со која разговарате за работното место не е полна со ентузијазам кога ја претставува фирмата, тоа е можен знак за претпазливост. Кога веќе таа не е воодушевена од опкружувањето во кое работи, зошто би ви се допаднало вам?!

Интервјуто за вработување е првата претстава за да дознаете колку на компанијата и е битен поединецот и нивното време. Ако веќе при договорањето кога и каде да се најдете за разговор се појават одложувања, проблеми, тоа најверојатно постои и на повисоко ниво.

Претставникот на фирмата со кого разговарате треба да е заинтересиран за вашите професионални искуства и способности, а не за личните карактеристики. Во ред е да побараат да се претставите какви сте како личност, но доколку разговоирот се фокусира на вашите години, брачен статус, семејни планови, навики во приватното време… тоа секако не е добар знак.

Доцнењето на интервјуто е едноставно знак за неорганизираност и непочитување на времето на другите.

Ако забележите дека личноста која со вас го води разговорот за прв пат го чита вашето резиме т.е. си-ви бидете сигурни дека ќе импровизира во текот на целото интервју ќе импровизира, а тоа е една сериозна несериозност.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *