Сутерен.мк

Што прави мажот кој ве сака?

Внимателно ве слуша, дури и кога 45 минути објаснувате некоја не баш интересна случка од работа.

Кога сте раздалечени, не заборава да ви посака добра ноќ – со јавување или порака.

Ги споделува своите чувства и размислувања со вас.

Ве прифаќа токму такви, какви што сте.

Ги почитува вашите желби и не се лути кога го игнорирате за да се посветите на себеси.

Секогаш сака д дознае повеќе за нештата што вас ве интересираат.

Често ве смее до солзи.

Ви верува без заддршка.

Не му е проблем да отиде до продавница и да ви купи нешто што итно ви треба, што и да е тоа.

Ви испраќа пораки дека му недостасувате.

Секогаш се консултира со вас пред секое носење на важна одлука.

Заедно со вас ги прави плановите за иднината.

Ви готви (купува) јадења што вие ги сакате.

Редовно ви покажува нежност – не само за да ве одвлече во кревет.

Не го заборава малите знаци на внимание, кои се многу поважни отколку што изгледа..

Ви дели комплименти, како да сте се запознале вчера.

Кога е во ваше друштво, го избегнува мобилниот колку што е можно повеќе.

Од време – на време, ве набљудува со очи полни љубов додека правите нешто.

Горд е на вашите успеси и со мерак им зборува на другите за истите.

И понатаму редовно ви порачува дека ве сака.

Извор…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *