Сутерен.мк

Викенд рецепт: Локум

Во овие тмурни и неизвесни времиња, развеселете си ја душичката со овој традиционален рецепт.

Се прави едноставно и брзо, а многу повкусен е од купениот. Впрочем, што може да се мери со тазе десерт?

Состојки

380 милилитри вода.

300 грама шеќер.

250 мл. сок од портокал.

140 гр. пченкарен скроб т.е. скробно брашно.

3 лажици сок од лимон.

3 лажици пченкарен скроб и 1 лажица шеќер во прав или кристал (за посипување).

Измешајте ја водата, сокот од портокал, шеќерот, па додадете го пченкарниот скроб. Ставете го садот на шпорет (на средна температура) и постојано мешајте додека не се згусне како пудинг.

Тргнете ја смесата од ринглата, додадете го сокот од лимон и добро измешајте.

Истурете ја „кашата“ во огноотпорен сад и оставете ја да се олади.

Потоа, исечете ја на коцки и секоја „истркалајте“ ја во мешавината од скробно брашно и шеќер.

  • По желба, можете да додадете и други состојки за поинаков или дополнителен вкус како ванила, ореви, ф’стаци, цимет, кокос…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *