Сутерен.мк

Нов чет-бот со ВИ на пазарот

Кинескиот технолошки гигант „Баиду“ денеска го претстави својот долгоочекуван чет-бот со вештачка интелигенција (ВИ) познат како „Ерни“.

Извршниот директор на компанијата изјави дека тој е кулминација на долгогодишната напорна работа на компанијата во вештачката интелигенција.

Ботот не беше совршен, но тие го објавија сега поради побарувачката на пазарот, рече Робин Ли од „Баиду“.

Популарноста на „ChatGPT“, поддржан од Мајкрософт, предизвика кинеските технолошки гиганти и стартапите побрзо да развијат негов ривал.

Вчера истражувачката лабораторија за вештачка интелигенција „ОпенАИ“ објави понова и посилна верзија од чет-ботот „ChatGPT“, за кој велат дека е покреативна, поточна и помалку пристрасен од првичната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *