Сутерен.мк

Украинскиот митрополит Павел е во домашен притвор

Украинските истражители упаднаа во резиденцијата на еден од поглаварите на православната црква, кој е обвинет дека ја оправдувал руската агресија на Украина. Митрополитот Павел го води најважниот манастир во Украина, Киевско-печерска лавра, а неговиот огранок на Украинската православна црква претходно ѝ беше лојален на Москва.

Украинските обвинители го сомничат за поттикнување национална и верска омраза. Оваа недела, Павел го колнеше претседателот Зеленски и му се закануваше со проклетство.

Митрополитот Павел ги негира обвинувањата и вели дека киевските власти немаат законски овластувања да ги избркаат монасите од манастирот. Тој се појави во суд денеска, опишувајќи го случајот како политички.

„Јас сум против агресија. И сега сум во Украина, мојата земја“, изјави Павел, не спомнувајќи ја Русија.

Тој го опиша својот моментален статус како домашен притвор.
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека Павел се сомничи за кршење на еднаквоста на граѓаните по расна, национална и верска основа.

„Непријателот се обидува да ја искористи црквата за да ја промовира својата пропаганда и да го подели украинското општество. Нема да го дозволиме тоа“, изјави шефот на СБУ, Васил Маљук.

Спорот околу манастирот Киевско-печерска лавра е дел од поширок верски конфликт, што се одвива паралелно со војната. Местото каде што се наоѓа е во сопственост на владата и агенцијата која го надгледува имотот неодамна го извести манастирот дека го прекинува договорот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *