Сутерен.мк

Тројца Бугари, осомничени дека шпионирале за Русија

Тројца бугарски државјани осомничени за шпионирање за Русија во Велика Британија се уапсени и обвинети како дел од голема истрага за националната безбедност, објави на 15 август британскиот национален сервис Би-Би-Си.

Бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа за потврда стапила во контакт со бугарската амбасада во Велика Британија, но оттаму рекле дека во моментот немаат такви информации и дека не биле контактирани од британските власти. Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Бугарија (МНР) изјави дека секторот се уште го истражува случајот.

Обвинетите беа уапсени во февруари и оттогаш се во притвор, јавува британскиот национален сервис Би-Би-Си. Тие се приведени поради сомнежи за шпионажа, поточно за сомнежи дека шпионирале за руските безбедносни служби.

Тие се обвинети дека поседувале лични документи со „незаконска намера“ и знаеле дека се лажни. Документите вклучуваат пасоши, лични карти и други лични документи од Обединетото Кралство, Бугарија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Грција и Чешка.
Според Би-Би-Си, приведените се Орлин Русев (45) од Грејт Јармут, Норфолк, Бисер Џамбазов (41) од Хароу, северозападен Лондон и Кетрин Иванова (31) која е регистрирана на истата адреса во Хароу.

За сите тројца се знае дека со години работеле и живееле во Британија.

„Како амбасада и конзуларна служба редовно бараме и добиваме информации за приведени лица. Морам да кажам дека овие лица не се појавуваат на овие списоци. Односно нашата амбасада и конзуларна служба не се информирани од британската властите за приведувањето на лицата со овие имиња“, изјави за Слободна Европа бугарскиот амбасадор во Велика Британија, Марин Рајков.

„Тоа не значи дека тие не се приведени, бидејќи кога бугарските граѓани ќе изјавуваат дека не сакаат амбасадата да биде информирана, оваа нивна волја, според британската практика, многу често се почитува и ние не сме информирани“, додаде Раиков.

Тројцата со години живеат во Британија. Русев има деловни контакти во Русија и работи во областа на финансиските услуги. Во својот профил на платформата ЛинкедИн наведува дека е сопственик на компанија за следење и разузнавање на сигнали, пишува бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Според податоците на бугарската Централна изборна комисија (ЦИК) за изборите за Европскиот парламент (ЕП) во 2019 година, Џамбазов бил поставен за претседател на изборна комисија во Илинг, а Иванова била заменик-претседател на комисија во амбасада во Лондон.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *