Сутерен.мк

Зошто ХЕЦ Чебрен ќе чини двојно поскапо од проценките?

Два и пол пати повисока цена за Чебрен отколку што е предвидено во стратегијата за енергетски развој на Македонија. Експертската јавност бара одговор , зошто изградбата на најважниот енергетски проект во Македонија достигна цена која е повисока за околу половина милијарда од онаа што е проценета во стратегијата која ја изработува МАНУ за потребите на ЕСМ .
Професор Ристо Цицонков , забележува дека инвестицијата вреди двојно повеќе, за помала моќност од онаа што е предвидена во стратегијата.

Моќноста на Чебрен ќе биде 458 мегавати и дека вредноста 550 милиони евра. Оваа информација спомнува капацитет од 333 мегавати најмалку, но веројатно е тоа номинален капацитет и цена од милијарда евра, сега ако ја земете стратегијата и оваа информација, излегува дека 330 мегавати, според цената во стратегијата оваа хидроелектрана ќе чини 400 милиони евра. Наместо милијарда треба да чини 400 милиони евра. Би сакал да знам не само јас, туку сите зошто е тоа така, Владата да даде објаснување, вели проф Цицонков.

Но објаснување од Владата нема. Алфа го праша Министерот за економија, зошто цената е два пати поголема, како ќе се користи произведената струја, но Бектеши не даде конкретен одговор, туку убедува дека Македонија имала механизам како може да ја задржи електричната енергија која ни е потребна дома.

Секој енергетски капацитет кој е во територијата на Македонија има механизми државата посебно со измените на законот за енергетика да направи одредени обврски за одредена количина на струја да остане во државата , согласно потребите и потрошувачката согласно летоска и зимоска . Најважно од се за вакви крупни проекти е да бидат внатре во територијата на Македонија , и ние тоа го правиме почнувајќи од обновливите извори и сега со Чебрен, одговори Бектеши.

Експерстаката јавност е согласна дека Чебрен е потребен, но бараат процесот да биде транспаремнтен. За нив е неразбирливо зошто мега енергетскиот капацитет не го градиме самите, туку се бара стратешки партнер кој ќе го добие колачот и кој веројатно целосно ќе ја менаџира продажбата на произведената струја.

Има многу бенефети за ХЕЦ Чебрен и треба да се гради и тоа сигурно , но малку на потранспарентен начин , кои се се технички карактеристики, финансиски итн . Мора да се знае, милијарда е голема сума . Дали предвидената електрична енергија ќе оди на отворен пазар или ќе оди директно во ЕСМ или МЕПСО, дали Македонија ќе ја купува на отворен пазар или не . Друга работа е што во поранешните стратегии се даваше Хидроцентралата Тиквеш ќе се даде бесплатно на концесионерот, додава Цицонков .

Има многу нејаснотии, колку од тоа е ќе биде партнерството во проценти , на колку години, 30 , 40 , 50 години ? Дали хидроцентралите од ХЕЦ Тиквеш ќе се дадат како „бакшиш “ на концесионерот ? – Изјави Константин Димитров од МАЦЕФ

По 13 пропаднати тендери , по повеќе од 30 години Владата донесе одлука за доделување на концесија за изградба на ХЦ Чебрен на грчката компанија ППЦ-Архиродон . Откако ќе заврши проектирањето и собирањето на документацијата, предвидено е да се почне со градбата , а рокот е 7 години.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *