Сутерен.мк

Граѓаните не им веруваат на институциите

На вечерашниот протест имаше педесетина граѓани и за разлика од претходните собири, присутните се задржаа само пред зградата на Владата и не се маршираше до Обвинителството или до Министерството за здравство. Инаку, протестите почнаа масовно, со голем број граѓани кои излегуваа, но со секој нареден протест нивниот број е сè помал
Случајот „Онкологија“ беше и една од темите за која беше прашан и говореше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за емисијата „360 степени“, емитувано вечерва на МРТ 1

На забелешката дека се поминати 40 дена откако МВР влезе на Онкологија и дека сè уште нема ништо конкретно, Спасовски беше дециден дека ниту една истрага не може да биде орочена со датум
Луѓето не им веруваат на институциите, затоа не излегуваат на протести, рекоа дел од малобројните присутни граѓани на вечерашниот протест пред Владата за случајот „Онкологија“.

Протестите се одржуваат секој понеделник и траат веќе еден месец. Почнаа откако на почетокот на септември Обвинителството отвори предистражна постапка по пишувањата во дел од медиумите за разработена шема во која се краделе терапии за болни од рак и се продавале на црниот пазар, а на дел од пациентите наместо вистински лекарства им се давал и физиолошки раствор.

Граѓаните бараат расчистување на случајот и одговорност за инволивираните, меѓу кои според нивните сомневања се вклучени повеќе лекари и медицински персонал на Клиниката.

За утврдување политичка одговорност за скандалот беше формирана и Анкетна комисија во Собранието.

Сепак, Славољуб Манев, еден од присутните граѓани на протестот, организиран од платформата „Одговорност“, вели дека не очекува дека ќе произлезат некакви резултати од работата на оваа Комисија.

„Од тоа нема да биде ништо, не верувам во тие приказни“, изјави Манев.
Ташко Ајаноски, пак, се осврна на сè помалата заинтересираност за протестот, велејќи дека луѓето не излегуваат на протести затоа што не веруваат во институциите.
Инаку, протестите почнаа масовно, со голем број граѓани кои излегуваа, но со секој нареден протест нивниот број е сè помал.

На вечерашниот протест имаше педесетина граѓани и за разлика од претходните собири, присутните се задржаа само пред зградата на Владата и не се маршираше до Обвинителството или до Министерството за здравство, како што тоа беше случај на претходните собири.
Собранието на крајот на септември формира Анкетна комисија која треба да утврди политичка одговорност за скандалот со Клиниката за онкологија и радиотерапија.

Првата седница Комисијата ја одржа минатата недела на 5 октомври, а следната е закажана за утре, на која според пишувањето на дел од медиумите, пред пратениците треба да реферира поранешниот министер за здравство Беким Сали. Пред Комисијата ќе биде повикан и неговиот претходник Венко Филипче.
Полицијата и Основното јавно обвинителство на 1 септември влегоа во Клиниката за онкологија, а претреси беа направени во два приватни стана, при што беа одземени одземени компјутери и документација.

Од ОЈО Скопје во повеќе наврати соопштија дека станува збор за обемна документација која се вештачи, но и по повеќе од еден месец постапката на Обвинителството не е влезена во повисока фаза.
Случајот „Онкологија“ беше и една од темите за која беше прашан и говореше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за емисијата „360 степени“, емитувано вечерва на МРТ 1.

„Има докази, тие докази се во Јавното обвинителство, дел од тие докази сè уште се вештачат, земени се огромен број материјали, огромен број електронски уреди, направена е екстракцијата на сите материјали коишто се од електронските уреди. Тоа што е за вештачење во МВР, во делот на електронските уреди, ние ќе го работиме, тоа што е за вештачење со медицинската документација, ќе го работат стручните луѓе од медицината и веќе го работат“,рече министерот за внатрешни работи.

Спасовски очекува дека сите факти и аргументи ќе бидат потврдени, обезбедени и дека врз основа на нив ќе се конкретизира вината бидејќи, како што порача, виновникот секогаш има име и презиме.

На забелешката дека се поминати 40 дена откако МВР влезе на Онкологија и дека сè уште нема ништо конкретно, Спасовски беше дециден дека ниту една истрага не може да биде орочена со датум.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *