Сутерен.мк

Викенд Рецепт: Венчај ме

Рецептот со пилешко наречен „Омажи се за мене“ беше еден од најпребаруваните поими на Гугл во текот на минатата година. Има толку добар вкус што се верува дека вашиот партнер ќе ве запроси откако ќе го проба ова јадење кога ќе го подготвите. Затоа го доби симпатичниот назив, а најдоброто од сè е што едноставно се подготвува и има магичен вкус.
Пилешкото се подготвува во кремаст сос со павлака за готвење. Рецептот вклучува и сушени домати, а комбинацијата на вкусови е непогрешлива. Пилешкото се динста во ароматичен сос со лук и зачини, а најдобро оди со пире од компири или со ориз.

Состојки

– 4 пилешки филети
– 1/2 лажичка сол
– 1/4 лажичка бибер
– 4 лажици брашно
– 1,5 лажица маслиново масло
– 1,5 лажица путер
– 3 чешниња лук
– 200 мл топла вода
– 1 коцка за пилешка супа
– 160 мл павлака за готвење
– 30 г пармезан сирење
– 3/4 лажица мелена пиперка
– 1 лажичка сушени билки
– 20 г сушени домати, сечкани
– 1 грст сечкан босилек

Подготовка

Зачинете го пилешкото со сол и бибер од двете страни, а потоа извалкајте го во брашно. Загрејте ги маслото и путерот на средна температура, па пржете ги 4 минути од двете страни, додека пилешкото да добие златна боја. Исцедете го на хартиена крпа за да се исцеди вишокот маснотии.

Додајте сечкан лук во тавата, продинстајте. Коцката за пилешка супа растопете ја во врела вода, па додајте ја во тавата. Мешајте да не се залепи сосот, па намалете ја температурата.

Додајте ги павлаката за готвење и пармезанот, па добро измешајте го сосот. По неколку минути динстање, додајте ја истолчената пиперка и сувите билни зачини. Додајте ги сушените домати и на крајот пилешкото. Оставете сосот со сушените домати да врие уште 5 минути. Тргнете од шпорет, па украсете со сечкан босилек или магдонос.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *