Сутерен.мк

Каде се наоѓаат најевтините ресторани?

На страницата „Светот на статистиката“ објавен е преглед на цените на оброците во евтините ресторани по земји во светот, а најскапа е Швајцарија со просечни 28,99 долари.

На другиот крај на листата е Нигерија, каде просечната цена на оброк во евтин ресторан чини 1,48 долари.

Меѓу најскапите се Данска, Соединетите Американски Држави, Луксембург, Белгија, Норвешка и Велика Британија, каде што ќе треба да потрошите 18 или повеќе долари за просечен оброк во евтин ресторан.

Кога зборуваме за нашата земја, таа е на дното на листата, а се наведува дека просечната цена на оброк во ресторан чини 5,29 долари.
Од земјите во регионот, во Србија оброк чини околу 7,42, потоа Хрватска со просечни 10,84 долари, Бугарија – 9,44 долари, пониско е БиХ со 5,01 долар, а најскапа е Грција со 16,31.

На дното на листата со најниски просечни цени се Пакистан, Бангладеш, Непал, Индонезија, Виетнам, Алжир, Малезија, Шри Ланка, Тајланд и Боливија, Индија, Кенија каде просечната цена на оброк во евтин ресторан е околу 3 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *