Имам 29 години и сите ми велат дека веќе треба да се омажам. Имам стабилна врска со момче, но се уште не ми се мажи. Поточно, прашањето ми е, зошто ни е потребен бракот?
Милена
Милена дарлинг, во филмот “Shaall we dance” (со Ричард Гир и Сузан Сарандон) има една сцена кaде што ликот на Сарандон одговара токму на вашето прашање:
„Потребен ни е сведок за животот. Толку многу луѓе на планетава… што навистина значи еден живот? Меѓутоа во бракот вие давате ветување дека ќе се грижите за нештата – за се, секој ден. Му велите некому: твојот живот нема да помине туку така, бидејќи јас ќе го забележам. Јас ќе бидам сведок на твојот живот.“
Ништо поумно од ова во моментов не ми текнува…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)