Сутерен.мк

Злато и бронзи за македонските математичари на Математичката олимпијада

Дамјан Давков освои златен медал, додека Алексиј Тасиќ и Леонид Тодоровски освоија бронзени медали на 65. Меѓународна математичка олимпијада што се одржа во Бат, Велика Британија. Никола Цветаноски, Бранко Јангеловски и Ивано Божиновски освоија пофалници.

Нашата репрезентација на олимпијадата беше водена од менторите Илија Јовечвски од Институтот за математика од ПМФ и Мирко Петрушевски од Машинскиот факултет, како членови на Сојузот на математичари на Македонија, кои се организиратори на учеството на Македонија на овој натпревар.

Во македонската репезентација учествуваа Дамјан Давков и Ивано Божиновски од Математичко-информатичка гимназија во Скопје, и Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски, Леонид Тодороски, Бранко Јангеловски од ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје.

На Меѓународната математичка олимпијада учествуваа вкупно 609 математичари од 109 држави од целиот свет и решаваа шест математички проблеми во текот на два натпреварувачки денови. Македонија се пласираше на 28 место, според освоени одличја и на 46 место според освоените поени.

Златото на Давков е втор златен медал за Македонија во нејзините 32 учества на Меѓународната математичка олимпијада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *