Сутерен.мк

Зошто луѓето имаат се помалку секс во врските?

Недостатокот на секс и недоразбирањето во оваа област по некое време може да ги раздвои луѓето и да доведе до други проблеми во врската.

Научните студии кои неодамна беа објавени открија што ја убива страста во врската и зошто луѓето се помалку водат љубов со своите партнери. Имено, психолозите го следеле сексуалниот живот на неколку стотици учесници за да го откријат одговорот на ова прашање. Главната причина е недостатокот на ентузијазам, проследен со недостаток на приватен простор и време.

„Недостигот од секс и неразбирање во таа област може да ги раздели луѓето по некое време и да доведе до други проблеми во врската. Откријте ги навреме и на тој начин спречете ги да се оддалечат“, вели авторот на истражувањето Менелеос Апостолу.

Имено, личноста која сфаќа дека на партнерот му недостига ентузијазам кога е сексот во прашање, се чувствува угнетено. Една од многуте причини е поминувањето премногу време на работа, а само на четврто место е лошиот секс и недоразбирањето со партнерот за овој проблем.

Освен тоа, причините поради кои сексот со партнерот со текот на времето станува непривлечен се расправиите, разликите во карактерот и злоупотребата. Партнерите кои во меѓувреме станале родители велат дека немаат доволно време и простор за водење љубов.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *