Сите зборуваат за нејзините очи

Од 1990 година секоја година се избираат најубавата жени и најубавиот маж на светот според листата на 100 најубави лица на „Ти-Си Кандлер“.

Филипинската актерка и модел Андреа Брилијантес (21) е прогласена за најубава жена на светот во 2024 година. Таа ја понесе оваа ласкава титула според стручното жири на листата на „Кандлер“, која традиционално се објавува на крајот на декември, листата на најубави жени и мажи.

Заносната Филипинка која е ѕвезда и на социјалните мрежи, а само на Инстаграм има повеќе од 14,2 милиони следбеници, не е првпат на оваа листа. Минатата година била 16-та на листата, а сега ја освои титулата – најубава.

Оваа убавица ја започнала својата актерска кариера како седумгодишно девојче, а подоцна играла во бројни серии за деца. Пресвртница во нејзината кариера била филипинската ТВ-драма „Анализа“ во која таа ја толкувала главната улога. За оваа улога добила бројни награди иако уште била дете.

Иако има само 21 година, Андреа веќе има богата колекција на признанија и награди кои ги освоила како дете. Нејзиниот прекрасен актерски талент е пофален дури и од постарите колеги. Сценаристката Лизел дела Круз ја пофалила откако брилијантно ги глумела близначките во серијата според нејзино сценарио.

Една од најпознатите филипински актерки, Анхел Акино, тврди дека Андреа е најталентираната актерка во нејзината генерација со светла иднина пред неа. Комерцијално, таа важи за една од најуспешните актерки не само на Филипините, туку и во целиот регион, но таа е и најследената филипинска славна личност на ТикТок.

Кога станува збор за приватниот живот, Андреа била во врска со колега од серијата, а потоа во 2022 година влегла во романса со кошаркарот Ричи Ривера, но една година подоцна раскинале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *