Кејт Мос е најубава од моделите, според истражување кое го направи британскиот пластичен хирург Џулијан де Силва, кој го предводи Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија во Лондон. Методот се заснова на „златниот сооднос“, познат и како „божествена пропорција“.
Тој тврди дека колку е поблизок односот на клучните компоненти, како формата на лицето и вилицата, до бројот 1.618 толку се поубави жените.
Британскиот супермодел Кејт Мос, која се прослави во 1990-тите, е на врвот на неговата пресметка со 94,14 проценти. Де Силва тврди дека Мос е најблиску до идејата на античките Грци за совршеност според положбата на очите, обликот на лицето и носот, ширината на усните и линијата на вилицата. Две карактеристики се издвојуваат кај неа: совршено обликувана вилица (со резултат од 96,5 проценти) и брада (95,6 проценти).
Синди Крафорд, која доминираше на насловните страници и модните писти во 1980-тите и 1990-тите, е веднаш зад Мос со резултат од 93,86 проценти.
„Таа би ја надминала Мос доколку не добиеше полоша оценка за усните“, рече Де Силва.
Таа се истакна во три категории: брада (99,9 проценти), положба на очите (99,4 проценти) и чело (98,6 проценти).
На третото место се најде Жизел Бундхен со резултат од 93,11 отсто. Де Силва рече дека Бундхен има најдобар простор меѓу усните и носот во споредба со другите модели на оваа листа.
На четвртото место е Џордан Дан со 91,39 проценти, па следуваат Вини Харлоу со 91,03 отсто, Кендал Џенер со 91 проценти, Лиу Вен со 90,98 отсто, Кара Делевињ со 89,90 проценти, Емили Ратајковски со 89,37 проценти и Наоми Кембел со 89,26 отсто.