Јарец
За повеќето ќе биде изненадување што овој хороскопски знак е на листата на најиритантни, бидејќи важат за вредни, прагматични луѓе. Меѓутоа, обидувајќи се да направат сè според правилата, тие ја губат способноста да уживаат во животот. Тие се исклучително амбициозни и имаат тенденција да гледаат со презир кон секој кој не работи толку напорно како тие. Нивните „напади“ на перфекционизам и големите очекувања од себе, но и од луѓето што ги сакаат, понекогаш ги прават неподносливи. Астролозите ги опишуваат како елитисти кои често ги истакнуваат своите достигнувања.
Рак
Како најемотивен знак на Зодијакот, Ракот најверојатно ќе заплаче кога ќе се најде на оваа листа, што е токму оној вид на „одвратно“ однесување на кое укажуваат астролозите. Раковите можат да бидат крајно драматични и сакаат сите да знаат точно како се чувствуваат. И не толку ретко ја користат оваа нивна чувствителност за да го добијат тоа што го сакаат. Тие се исклучително грижливи, но од друга страна се и одлични манипулатори. Дури и кога тие згрешиле, толку многу плачат и јавно се каат, што на крајот другите ги тешат нив.
Овен
Тие се гласни, најдобро знаат се, не можете да ги игнорирате во друштвото. Ако тие се во добро расположение – тоа е одлично. Ќе ја подигнат атмосферата во секој тим, но ако им ги „разгорите страстите“ со нешто што не им се допаѓа, тие можат да бидат многу напорни и нема да се двоумат да кажат што мислат, често на штета на другите. Но, нивната најлоша карактеристика, која секому му оди на нерви, е тоа што кога ќе одлучат дека се во право, не се откажуваат додека не ве убедат во својот став.