Доктор Берг: Како до здрави артерии?

Внатрешниот слој на артериите, познат како ендотел, игра клучна улога во:

Контрола на крвниот притисок

Поддржува бубрежна филтрација

Превенција на згрутчување на крвта

Зајакнување на имунолошкиот систем

“Овој слој функционира благодарение на гликозата, но тоа не значи дека треба да внесуваме шеќер. Нашето тело може самостојно да произведува гликоза, но за да може ендотелот да ја користи, му треба инсулин”, вели д-р Берг.

Проблемот настанува кога се развива отпорност на инсулин – состојба во која клетките не можат ефикасно да го користат инсулинот, што доведува до буквално „гладнување“ на артериите.

Денес, повеќето луѓе страдаат од отпорност на инсулин, а главните причини се:

Исхрана богата со јаглехидрати

Чести закуски и грицки

Употреба на растителни масла богати со омега-6 масни киселини

„Овие фактори доведуваат до прекумерно производство на инсулин, што резултира со вкочанети и затнати артерии и долгорочно оштетување на кардиоваскуларниот систем“, објаснува докторот.

Еден од најважните елементи за зачувување на артериите е азотен оксид (NO), кој ги релаксира крвните садови и го спречува нивното зацврстување.

Лекарите често препорачуваат житарки и растителни масла, но тие се претежно рафинирани и предизвикуваат остар скок на инсулинот, што е штетно за артериите на долг рок nc, магнезиум и селен“, нагласува д-р Ерик Берг.

Покрај исхраната, одредени хранливи материи се исто така важни и играат клучна улога во зачувувањето на артериите:

Витамин Д – неопходен за здравјето на срцето, но не можете да го внесете доволно само со храна. „Затоа е важно секој ден да се изложувате на сонце (без прекумерно изложување и изгореници) и да земате 10.000 IU витамин Д во текот на зимските месеци. Ниското ниво на витамин Д е поврзано со висок крвен притисок и слабеење на артериите“, смета докторот.

Аргинин – се наоѓа во црвеното месо и помага во природното производство на азотен оксид (NO), кој придонесува за проширување на крвните садови.

Магнезиум – спречува акумулација на калциум во артериите и помага да се одржат флексибилни.

„За вистински да ги заштитите вашите артерии и срце, треба да ги исфрлите рафинираните житарки и растителни масла, да дадете приоритет на вистинската храна богата со хранливи материи, да одржувате стабилни нивоа на инсулин со правилна исхрана и да обезбедите клучни хранливи материи како витамин Д, аргинин и магнезиум.

И да заклучиме, најдобриот оброк за вашите артерии? „Црвено месо, здрави масти и минимален внес на јаглени хидрати“, заклучил д-р Ерик Берг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *