Си замина и Панта…

На 79 години почина истакнатиот македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков, соопшти Друштвото на филмски работници на Македонија.

Мижимаков студирал на Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград. Често работел на копродукциите и странските продукции кои се реализираа во Македонија и Југославија. Во „Вардар филм“ соработувал на поголем број играни, документарни и кратки филмови. Од 1991 беше еден од основачите и директор на приватната продукциска куќа „Пегаз“, со која има реализирано неколку филмски проекти.

Бил продуцент и менаџер на продукција на филмовите како „Среќна Нова“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, „Миротворец“, „Татко (Колнати сме Ирина)“, „Најдолгиот пат“, „Исправи се Делфина“, „Црвениот коњ“ и „Тајната книга“.

Во 2018 ја прими наградата Златен објектив на Кинотеката на Македонија за исклучителен придонес во македонската кинематографија.

Мижимаков во 2018 ја прими наградата Златен објектив на Кинотеката на Македонија за исклучителен придонес во македонската кинематографија. (Фото: Ѓ. Личовски)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *