Многу ми се допаѓа една многу убава девојка, ама таа е многу дигната.
Јани
Јани дарлинг, жените, како никој на планетава, знаат толку многу да се преценат со своите од Бога дадени атрибути, што просто се чудам како некој и ги есапи за вредни!? Кажете и директно, штипнувајќи ја за обравчето, дека кога ќе заработи некој денар, да ве побара и, баталете ја.
Ароганцијата, под никакви услови и околности, ама баш никогаш, не е оправдана…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)