* Ако те заморуваат обичните разговори, ако се фаќаш себеси како зјапаш во таван на вечера со луѓе кои не те инспирираат – проблемот не е во твоите манири, туку можно е твојот ум да бара нешто повеќе. Според психолозите, честата досада може да биде знак дека твојот мозок обработува информации побрзо и подлабоко од просекот. Потребна ти е повеќе стимулација, повеќе смисла, повеќе предизвици – и тоа е сосема во ред.
* Заборави на стереотипите за арогантни генијалци. Вистински интелигентните луѓе се скромни. Имаат способност да ја прифатат сопствената несигурност, подготвени се да слушнат други мислења, да учат и да го променат својот став. Таа ментална отвореност, според истражувањето на Универзитетот во Мичиген е еден од најсилните показатели за висок IQ.
* Можеби често те нарекуваат мрзеливец, но дали некогаш си размислувал дека во реалноста само знаеш како да постигнеш максимум со минимум напор? Многу интелигентни луѓе избираат пократок, поедноставен и попаметен пат до целта. И тоа не е мрзеливост – тоа е креативна снаодливост.
* Интелигентните личности не се секогаш оние кои веднаш се вклопуваат. Но токму тие знаат како да се приспособат. Поседуваат способност да реагираат во непознати, хаотични или стресни ситуации. Благодарение на нивната ментална флексибилност, лесно менуваат насока, наоѓаат креативни решенија и остануваат смирени под притисок. Како што вели психологот Хауард Гарднер – вистинската интелигенција не е само да имаш знаење, туку да умееш да го користиш.
* Ако ти се чини дека празните муабети и бескрајните дебати без поента се вистинско мачење – тоа не значи дека си ладен. Само си ментално избирлив. Паметните луѓе високо ја ценат јаснотијата, вистината и суштината. За нив, енергијата има вредност – и затоа одбиваат да ја трошат на разговори кои водат никаде.