Експертите истакнуваат дека таквата одлука не мора да значи дека врската е во криза, туку дека партнерите наоѓаат начин што најдобро одговара на нивните потреби.
Најчестите причини за одвоено спиење вклучуваат ‘рчење, различни распореди за спиење, немирен сон или различни навики кога станува збор за температурата и условите во спалната соба.

Недостатокот на сон може да ја зголеми раздразливоста и да ја отежни комуникацијата, поради што квалитетниот одмор може да има позитивно влијание врз врската.
Психолозите нагласуваат дека најважно е партнерите отворено да ја разговараат оваа одлука и двајцата да се согласат со неа. Ако станува збор за заеднички договор, одвоеното спиење може дури и да го намали бројот на конфликти и да придонесе за поголемо задоволство во врската.
Од друга страна, експертите предупредуваат дека одвоените соби нема да решат проблеми како што се лошата комуникација или нарушената доверба. Успешната врска, истакнуваат тие, не зависи од тоа дали партнерите делат ист кревет секоја вечер, туку од меѓусебното почитување, разбирање и квалитетна комуникација.