Skip to content
	
	
	
	
		
							
					
				
		
					
						
					
				
				
			
					
		
			
			
			
		
		
				
			
- Не, не станува збор за домашните ни разноразни дрски узурпатори, туку за играта „Монопол“ („Monopoly“), која за прв пат  е претставена во 1935 година.
- Играта го добила името по економскиот поим монопол кој означува превласт на еден учесник над сите останати учесници во некој бизнис.
 
- Најдолгата партија траела седумдесет денови, без престан.
- До сега се произведени над шест милијарди зелени кукички и над две милијарди црвени хотели.
- Меѓу мајбараните изданија на „монополот“ се оние со мотивите на „Волшебникот од Оз“ и „Елвис Присли“.
 
- Се проценува дека „монопол“ го играле околу 750 милиони луѓе ширум светот, што значи дека е една од најпопуларните игри на светот.
- Ова е игра за сите генерации и се чува со години, а нејзин издавач е американската компанија „Хазбро“.