Сутерен.мк

Преплатена алиментација

Се разведов неодамна, на барање на мојата жена, ама таа ја претера. Бара од секое дете по осумстотини евра месечно, а ги имаме две. Децата ни се посвоени, но тоа не ја менува мојата загриженост кон нив, но не ја менува ни мојата одбивност кон нивната старателка, а мојата бивша жена. Имам плата нешто над 2 000 евра, заслужена секако, ама мислам дека бившата ми, сосема незаслужено ја сака целата за себе си. Инаку, таа е пропадната естрадна ѕвезда.

В.Б.

В.Б. дарлинг, од патетики глаа не можам да кренам! А бре, брат, со „нешто над 2000 евра плата“ ништо поумно не смисли, туку да ми пишуваш мене како бившата ти (немам поим зашто сте се развеле, ама очигледно, многу ви значат цифрите така што, многу нешта имате заеднички!?) сака да те опљачка!?

Прво, кога се имаат биолошки деца треба мнооогу да се размислува! Особено, за две! Второ, кога се посвојуваат деца треба ептен мноооооооогу да се размислува! Особено, кога се две.

Ај, оние што можеби ќе ги тртнете во занес на страсти, па од локални фолклорни мотиви мора да ги признаете туку, кој враг ве терал да посвоите дури две деца, да ги напуштите и сега уште се пазарите со жената ви, бивша, колку пари тие чинат!? Дегуте, навистина. Се, на куп.

Таа е кучка, ама и вие не сте поарен. Таа сака се да ви земе, а вие ништо да не дадете. Доколку ви се важни децата, а не инаетот, што не побарате старателство врз нив, а не да се пазарите околу цената!? Нашето судство знам, секогаш е понаклонето кон мајките, ама со „над 2 000 евра плата“ тоа ќе го решите без некој поголем проблем.

наку да, вашата екс сопруга претерува – колку што мене ми е познато, максимумот за алиментација е некаде околу 33 проценти од примањата на таткото сеедно, за колку деца се работи. А, тоа што вашата екс – сопруга е „пропадната естрадна ѕвезда“ само е совршен прелив во коктелов од вашиве математики.

Двајца кога ќе се согласат не да имаат дете (тоа е лесно) туку, да го одгледуваат низ годините што следат, мислам дека е совршен меѓучовечки договор што мора, да се одржи! По било која цена и во било кои услови. Двајца кога ќе се договорат дека нивната заедничка иднина зависи од радоста што можат да ја пружат на некое сосема невино (во случајов дури две) суштество, згрижувајќи го, со ветување дека никогаш нема да го напуштат е надчовечки договор!

Вие двајцата сте се откажале од дадениот завет кон децата. Затоа сега си играте весела математика. Седнете и разговарајте. Имате две големи причини за тоа. Имате преголем, заеднички багаж…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *