Италијанскиот скутер наречен „Веспа“ го прославија Одри Хепберн и Грегори Пек во 1953 година возејќи го во филмот „Празник во Рим“, но тој како патент за производство е регистриран на 23 април 1946 година.
Легендата вели дека името, што на италијански значи „оса“ и го дал Енрико Пјаџо, основачот на истоимената фабрика, бидејќи звукот на моторот го потсетувал на зуење.
Седумдесетипет години подоцна и 19 милиони произведени примероци, веспата нема изгубено ништо од својот шарм.
Од почетокот веспите се произведуваат во седиштето на фабриката Пјаџо во Понтедери во Тоскана, а од пред неколку години се отворени и два погона во Индија и Виетнам.