Сутерен.мк

Модата на Олимпијадата

На отворањето на олимписките игри во Токио, пејачката Мисиа ја изведе јапонската химна, а облечена беше во прекрасен фустан на Томо Коизуми – спој на екстравагантност и деликатност.

Германскиот тим за уметничка гимнастика се истакна со замената на традиционалното трико со костими со ногавици за да ја намалат сексуализацијата на своите тела и да ја зголемат удобноста.

Со само 13 години, скејтбордерката Рајса Леал, покажа дека покрај умешност во спортот има и моќен стил.

Никој нема да го заборави моментот кога пливачот Том Далеј извади игли и волница за да си го доплете џемперот, специјално направен за Игрите.

Можеби трико со Сваровски кристали е претерано за спортски натпревар, но американските гимнастичарки изгледаа многу впечатливо во костимите со по 3 500 кристали во секој.

Ефектните униформи на либерискиот тим на спортисти ги дизајнираше либериско – американскиот дизајнер Телфар Клеменс. Седумдесетте унисекс парчиња внесоа многу стил на Олимпијадата.

Спринтерката Кристина Клемонс се појави на патеката со пеперутки во косата и донесе особена свежина на трката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *