Верувале или не, некои од светски популарните личности биле наставници пред кариерата што ги прославила!
Силвестер Сталоне
Креаторот на Роки своевремено предавал физичко воспитување во женско средно училиште. Подоцна се запишал на драмските студии на Универзитетот во мајами.
Стивен Кинг
Мајсторот на хоророт неколку години бил професор по англиски јазик на академијата Хемпден во Мајами. После објавувањето на романот „Кери“ дал отказ и целосно му се посветил на пишувањето.
Шерил Кроу
Американската пејачка пред да се прослави предавала музичко во основното училиште во Фентон во Мисури.
Лијам Нисон
Во едно интервју овој актер изјави дека многу е потешко да се биде учител отколку да се глуми. Нисон во средината на седумдесеттите студирал педагогија и им држел часови на тинејџери.
Џеј Кеј Роулинг
Креаторката на серијалот за Хари Потер пред да стане позната писателка работела како професорка по англиски јазик во Португалија, а потоа и во школите во Единбург.
Повеќе на People…