„Че пијам кафе со кого ќе стигнам“
Стојан Андов.
„Премиерот на Тајванците им подари шише вино, а јас добив кристален цвет“
АлександарДимитров, кој не кажа кој ја доби провизијата.
„Признавањето на Тајван нема политичка тежина“
Љубчо Георгиевски.
„Народот во Македонија е восхитен од признавањето на Тајван“
Реџеп Златку, министер за информации, при посетата на Тајпеј.
„Земјотресот е минато, а впрочем и јас тогаш за земјотресот кажав некои зборови, ама никој не ги запиша“
Ѓорѓи Чулаковски Ѓото, кој ја избриша „историјата“ од ѕидот на Старата железничка станица во Скопје.
„Да ги направиме границите што порелативни“
Саво Климовски, спикер во Парламентот.
„Ги молам новинарите да не поставуваат прашања од специфична природа, затоа што нив можат да ги разберат мал број луѓе, а не целата јавност“
Реџеп Златку.
„Она што се слуша над Скопје за Владата се хеликоптери“
Радмила Кипријанова, за она што народот го сметаше за авиони – бомбардери на НАТО.
„За среќа денеска умреа само десет луѓе“
Мухамед Неџипи, заменик министер заздравство.
„Недостасуваат тениски терени и фудбалски игралишта“
Паола Гедини од ОН, за состојбата на бегалските кампови во Македонија.
„Секој кој се занимава со криминални дела, дроги и слично, нашиот став е еден, веднаш да се елиминира од камповето“
Никола Кљусев за бегалците од Косово.
„Не се оди на светско првенство со тегли ајвар и украдени торби од светски првенства“
Марјан Огњановски, генерален секретар на РСМ, со кого наполно се согласуваме – на СП се оди со браќа, сестри, балдски, комшики… на сметка на народот.
„Во Битола на почетокот на векот се пишуваше на латиница, а не на кирилица“
Арбен Џафери, човекот кој со премиерот ги релаксира меѓуетничките односи.
„Од конгрес на невработени сега држиме конгрес на функционери и директори“
Љубчо Георгиевски на конгресот на ВМРО – ДПМНЕ.
„Јас сум по природа човекољубец“
Пане Велев.
„Генералот Весли Кларк нели, не го чувствуваме како гостин туку нели, како домаќин“
Љубчо Георгиевски, премиер на независна суверена Република Македонија.
„Да ви кажам, јас не спорам дека сум му татко на Драган Даравелски“
Томислав Стојановски, го признава „злосторството“.
„Тој чувствителен патриотски универзум“
Никола Кљусев, легенда.
„Баварија која инаку е најпознатата баварска покраина“
Љубчо Георгиевски.
„Ќе ги консултирам старите, нивните бели коси“
Борис Трајковски.
„Стојане, че ја опраиме ли? Да, му викам, како не“
Стојан Андов, визионер.
„Прагот на трпението на ДА исто така е познат“
Васил Тупурковски, ептен трпелив човек.
„Јас сум горд што сум протестант, а не некој некрстен“
Борис Трајковски, претседател на сите граѓани на Република Македонија.
„Сум живеел под тоталитарен систем и бил сум дискриминиран“
Борис Трајковски.
„Подобро е да дадете изјава која е ефектна, отколку да се биде 30 години во политика“
Борис Трајковски.
„Старт“, 1999 година